Репрезентативецот на Португалија, Бернардо Силва ја освои наградата за најдобар фудбалер во првото издание на Лига на нации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој со својата репрезентација ја освои титулата победувајќи ја Холандија со 1:0, а после натпреварот беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Тој во текот на целиот турнир пропушти само еден натпревар, односно одигра пет и запиша еден погодок и една асистенција.
Дефинитивно може да кажеме дека ова е круна на неговата сезона со оглед на тоа дека во дресот на Сити беше еден од најдобрите играчи на тимот кој ја освои ПЛ, ФА Купот и Лига Купот.
Бернардо за репрезентацијата одигра вкупно 36 натпревар и постигна три погодоци.