Дома Фудбал Англија Бернардо Силва: Се колнам, Гвардиола мора да ми доведе уште еден Португалец!

Бернардо Силва: Се колнам, Гвардиола мора да ми доведе уште еден Португалец!

bernardo silva

Португалецот од редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва тврди дека после Мундијалот ќе бара од Пеп Гвардиола да му биде доведен уште еден сонародник.

Поранешниот офанзивец на Монако брзо стана миленик на Пеп Гвардиола кој често пати знае да го пофали во медиумите. Сега Силва открива дека тој во тимот често пати е мета на шеги од страна на неговите соиграчи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Проблемот е што сум единствен Португалец во тимот. Опкружен сум со Бразилци, Шпанци и Англичани кој често пати ме исмеваат на Инстаграм. Во една ситуација ми ги врзаа копачките на плафон, а во друга ме фрлија облечен во базен“, зборуваше Бернанрдо во интервјуто за англиските медиуми.

Силва истакна дека атмосферата во тимот е одлична, но додаде дека му е потребна помош од барем еден сонародник.

„Секојдневните тренинзи се исполнети со многу шеги и забава. Мислам дека тоа е реткост во денешниот фудбал. Најчесто за забавата се задолжени Бразилците, Фернандињо, Едерсон, Данило и Жесус кои имаат формирано свој клан. Имам одличен однос со нив. Но, се колнам дека после Светското првенство ќе го убедам Гвардиола да доведе уште еден Португалец. Не е важно колку ќе биде добар, само ми треба да биде креативен во смислувањето штосови“, заклучи Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…