Аргентинскиот напаѓач Кун Агуеро од денес и официјално е нов играч на Барселона. Агуеро доаѓа како слободен играч од Манчестер Сити и потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант. За Аргентинецот ова е враќање во Примера каде ја доживеа својата фудбалска афирмација во дресот на Атлетико Мадрид. „Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб на светот. Мислам дека донесов добра одлука …