Дома Фудбал Агуеро: Барселона е чекор напред во кариерата

Агуеро: Барселона е чекор напред во кариерата

Аргентинскиот напаѓач Кун Агуеро од денес и официјално е нов играч на Барселона.

Агуеро доаѓа како слободен играч од Манчестер Сити и потпиша двегодишен договор со каталонскиот гигант.

За Аргентинецот ова е враќање во Примера каде ја доживеа својата фудбалска афирмација во дресот на Атлетико Мадрид.

„Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб на светот. Мислам дека донесов добра одлука да дојдам тука и се надевам ќе му помогнам на клубот. Секако дека ова е чекор напред во мојата кариера, многу сум среќен и се надевам ќе помогнам да се освојат титули“, истакна Агуеро.

„Како прво, сакам да играм и да им помагам на моите соиграчи. Ако на тимот му оди добро, јас ќе бидам среќен. Ги поздравувам сите наши навивачи и ветувам дека ќе дадам се од себе за да го исполнам ветувањето“,додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Риера по шокантниот пораз на Звезда: Газдата ќе ме казни мене, а јас фудбалерите

Црвена звезда доживеa еден од најтешките европски порази во новата историја, а тренерот на…