Дома Трансфер зона Експертот за трансфери тврди: Агуеро е нов играч на Барселона!

Експертот за трансфери тврди: Агуеро е нов играч на Барселона!

Серхио Агуеро е нов играч на Барселона, ова вечерва го објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Искусниот 33 годишен напаѓач се договорил за соработка со каталонскиот клуб.

Серхио Агуеро оди во Барселона. Се договори за соработка до јуни 2023 година и ќе има бонус во случај на освојување на Лигата на шампионите“, соопшти Романо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите од Шпанија Агуеро во Барселона ќе заработува 10 милиони евра и во клубот ќе пристигне после финалето во Лигата на шампионите (29. мај).

Одличниот напаѓач во изминатите 10 години го носеше дресот на Манчестер Сити одигра 388 натпревари и постигна 258 голови.

Исто така Романо објави дека Мемфис Депај е блиску до договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…