Дома Останати Тајсон и Пол се соочија пред борбата, најголемата провокација стигна од публиката

Тајсон и Пол се соочија пред борбата, најголемата провокација стигна од публиката

Мајк Тајсон (58) и Џејк Пол (27) се соочија во пресрет на нивната борба, која ќе се одржи во петок навечер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Долгоочекуваната пресметка беше проследена со провокации, но не во онаа мера што се очекуваше. Имено, Тајсон бил изненадувачки смирен и давал кратки одговори, а Пол на оригинален начин се обидел да го испровоцира.

Пол на прес-конференцијата се појави со заштита на горниот дел од десното уво, а не требаше долго да го добие прашањето – зошто му е тоа?

„Не сакам да ме гризне, па го заштитив со дијаманти“, одговори Пол, мислејќи на познатата борба во 1997 година кога Тајсон му одгриза парче од увото на Евандер Холифилд.

Тајсон не реагираше на таа провокација, а не беше премногу расположен за разговор со новинарите.

Во еден момент се налутил кога го прашале што ќе се случи ако загуби.

„Нема да изгубам“, луто повтори неколку пати.

Најоригиналната провокација дојде од публиката. Тони Белју, поранешниот светски шампион на ВБЦ во крузер категорија, дојде во друштво на постар господин кој облече боксерска наметка и стави ракавици на рацете.

„Џејк, ако Мајк те остави да живееш, имам нов противник за тебе. Ова е прадедо на 107 години, му се вградени два нови колкови, тој е подготвен за тебе“, му рекол Белју на Пол, покажувајќи дека мислеше дека јутјуберот не е во право што го предизвика „пензионерот“ Тајсон.

За потсетување, ноќта од петок кон сабота во Арлингтон, САД, Тајсон и Пол ќе боксираат по осум рунди од по две минути, наместо стандардните триминутни рунди карактеристични за машките професионални мечеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…