Дома Македонски спорт Мак ракомет Taлески пред Мешков: Малку е чудно што ќе играме пред навивачи

Taлески пред Мешков: Малку е чудно што ќе играме пред навивачи

Вардар утре ќе ги започне натпреварите во новата сезона од Лигата на шампионите, а прв натпревар е гостувањето кај Мешков Бресто во Белорусија.

Пред овој натпревар Филип Талески порача дека „црвено-црните“ се максимално подготвени за стартот на новата сезона во ЛШ. Според Талески предност на Мешков ќе биде тоа што ќе играат пред навивачи.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Стартува новата сезона во ЛШ и ќе играме против добро позната екипа. Вардар и минатата сезона играше против Мешков, а оваа сезона ги гледавме на Ф4 во СЕХА. Претходните натпревари ние ги игравме без публика, па малку е чудно што таму ќе има навивачи и тоа за нив е плус. Во претходните години Вардар покажа дека за него нема тежок терен, без разлика дали се играло дома и на гости. Се надевам на добар резултат и отварање на сезоната со позитивна атмосфера“, изјави Талески.

Вардар и Мешков играат утре во 18:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…