Дома Фудбал Италија Taжната теорија доби потврда: Сите 40.000 фанови на Аталанта од Милано си заминале со Ковид-19!

Taжната теорија доби потврда: Сите 40.000 фанови на Аталанта од Милано си заминале со Ковид-19!

Веста дека „биолошката бомба“ експлодирала на натпреварот Аталанта – Валенсија на „Сан Сиро“ доби и официјална потврда.

Бергамо е едно од најголемите жаришта на коронавирусот во овие моменти, а Италија трпи загуби од огромни размери. На крајот за се ќе биде виновен фудбалот. Третина од граѓаните на Бергамо беа на натпреварот Аталанта – Валенсија во Лигата на шампионите на 19. февруари. Токму на тој натпревар тие го „собрале“ вирусот и го рашириле низ целата покраина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека таа теорија е точна потврди и Џорџо Гори, градоначалникот на Бергамо.

„Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент беше регистриран на 23. февруари. Вирусот веќе кружел околу нас. На крајот се покажа дека сите 40.000 луѓе кои беа таа вечер на „Сан Сиро“ биле заразени. После натпреварот имаше многу контакти и вирусот се ширеше од човек на човек“, изјави Гори.

Аталанта таа вечер играше феноменално и постигна четири гола. Колку само прегратки имало во тие моменти…На крајот сите 40.000 се заразиле во текот на два часа натпревар, потврди градоначалникот на градот кој е најпогоден регион во Ломбардија.

Според, вчерашните извештаи во Италија има 54.030 заразени и 6.820. Само во последните 24 часа животот го изгубија 743 и бројката од 500 до 800 починати во ден во Италија за жал е константна веќе неколку денови наназад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…