Дома Фудбал Репрезентации Taвекио: Италија не би требало да има проблеми со Македонија

Taвекио: Италија не би требало да има проблеми со Македонија

ИПоранешниот прв човек на италијанскито фудбал, Карло Тавекио е убеден дека Италија нема да има многу проблеми против Македонија во полуфиналето од баражот за СП во Палермо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тавекио си замина од претседателската функција после минатиот мундијалски циклус во кој Италија б еше елиминирана од Шведска во баражот и останаа без настап на Мундијалот во Русија.

„Се надевам на најдобри вести. Со Македонија не би требало да имаме проблеми, против Португалија и Турција ќе биде потешко. Ова е важна битка, но убеден сум дека ќе ги поминеме сите пречки и ќе се пласираме на Мундијалот“, изјави Тавекио.

Италија и Македонија ќе играат на 24. март во Палермо и ова ќе биде прв натпревар во Италија од почетокот на пандемијата во 2020 година кој ќе се игра пред полни трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонија по ремито со БиХ и поразот од Турција падна на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две позиции на најновото рангирањ…