Дома Фудбал Германија Tухел добил ултиматум: Може и да не го дочека крајот на сезоната

Tухел добил ултиматум: Може и да не го дочека крајот на сезоната

Toмас Тухел остана на клупата на Баерн и по ремито со Фрајбург во петокот, меѓутоа прашање е дали ќе биде така ако не го елиминира Лацио во Лигата на шампионите.

Веќе е потврдено дека наредната сезона германскиот стратег нема да го води Баерн, но може да се случи да замине и порано ако резултатите на тимот не се подобрат. Германските медиуми пренесуваат дека ако Тухел биде елиминиран од Лацио во ЛШ веднаш ќе добие отказ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме, во првиот натпревар Лацио го победи Баерн со 1:0 и сега во реваншот ќе ја брани предноста.

Најголема желба на Баерн за наследник на Тухел е Чаби Алонсо и во овој момент не изгледа дека има адекватна замена за Тухел, па токму и поради тоа Баерн претходно се одлучи да ги води до завршувањето на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …