Судејќи според информациите кои ги пренесуваат турските медиуми, напаѓачот на Лестер, Џејми Варди би можел да се пресели во Турција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, екипата на Фенербахче е спремна да испрати понуда за Варди, но и за уште еден напаѓач на Лестер, Ахмед Муса.
Турскиот гигант би можел да остане без некои од поважните фудбалери, бидејќи се шпекулира дека Емануел Еменике ќе го напушти клубот, а и идната на Робин Ван Перси во трускиот клуб не е сигурна.
Токму поради тоа управата на турскиот клуб е одлучна во намерата да обезбеди засилувања во нападот, а двоецот од Лестер котира високо на нивната листа на желби.