Вчера Манчестер Сити ја доби шокантната вест за суспензија од Лигата на шампионите и паричната казна од 30 милиони евра.
Манчестер Сити најави дека ќе поднесе жалба, меѓутоа тешко е да се поверува дека работите ќе се променат. Сити изгледа ќе мора да биде надвор од натпреварувањето кое беше нивна главна цел и во кое се обидуваа да забележат напредок во последните години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Суспензијата логично се поврзува со егзодус во Манчестер Сити, а се споменува и можно заминување на Пеп Гвардиола.
Медиумите веќе шпекулираат дека Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен ја следат ситуацијата. Како фаворит се истакнува тимот на Јувентус затоа што клубот од Торино и претходно преговараше со шпанскиот стратег.