Никола Јокиќ продолжува со одличните настапи во најсилната кошаркарска лига, а изминатата ноќ запиша нов трипл-дабл.
Центарот на Денвер во победата на својата екипа над Спарсите постигна нов трипл-дабл, трет во низа – 28 поени, 11 скокови и 11 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јас играм на ист начин како и кога дојдов тука“, изјави Јокиќ после натпреварот.
Јокиќ во февруари просечно забележува 23.4 поени, 11 скокови и 10.4 асистенции.
Од неговиот настап воодушевен беше и тренерот Мајкл Малоун:
„Јокиќ и Наџентси заслужуваат поголема почит. Тој не беше на Ол-стар, не се спомнува кога се зборува за МВП, но кога ќе ја погледнете неговата статистика, Јокиќ мораше да биде Ол-стар. Мора да се зборува за него и заслужва да биде кандидат за МВП на лигата. Тој е еден од најдобрите играчи во лигата на својата позиција, но и генерално. Тоа го докажува секоја вечер против најдобрите тимови“, смета тренерот на Наџентси.
Изјавата на Малоун ја слушна и тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ и во свој стил му дофрли:
„Не се*и“, што предизвика смеа кај новинарите, но и кај самиот тренер на Наџентси.
Michael Malone: “Nikola Jokic should be in the MVP conversation…at some point he and at some point our team will get the respect (from officials) that we deserve. Because right now we’re not getting it.”
Gregg Popovich: “Bullshit.” pic.twitter.com/k2VW1jrKub
— Harrison Wind (@HarrisonWind) February 24, 2018