Дома Фудбал Репрезентации Tрајковски се израмни со Мазнов, Македонија ремизираше во Торино! (Видео)

Tрајковски се израмни со Мазнов, Македонија ремизираше во Торино! (Видео)

macedonia

Сениорската репрезентација на Македонија вечерва одигра 1:1 на гостувањето во Италија со резултат 1:1. Освен натпреварот на нашата селекција вечерва се одиграа уште седум натпревари.

Македонија успеа да направи изненадување против силната Италија која реално вечерва не покажа многу и можеме да кажаме дека заслужено стигнавме до бод против оваа исклучително силна репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италија ја имаше контролата и тоа го искористија во финишот на првиот дел кога Чиро Имобиле му асистираше на дефанзивецот Џорџо Киелини на кого не му беше тешко да ја испрати топката во празната мрежа на Димитриевски. Но, во вториот дел Александар Трајковски кој настапува во италијанското првенство го совлада Буфон и донесе израмнување.

Во последното коло избраниците на Игор Ангеловски ќе играат натпревар против Лихтенштајн кој е последно пласиран без ниту еден освоен бод, додека ние имаме осум освоени бодови. Овој натпревар нема да има никаква резултатска важност, а Македонија овие квалификации ќе ги заврши на петата позиција.


Шпанија убедливо со 3:0 ја совлада селекцијата на Албанија. „Црвената Фурија“ започна фуриозно и веќе после само половина час постигна три погодоци. Стрелци на погодоците беа Родриго, Иско и Алкантара. Во вториот дел немаше погодоци, па Шпанците стигнаа до победа со која веројатно го обзбедуваат првото место во групата.



Лихтенштајн очекувано запиша нов пораз, овој пат од Израел со резултат 0:1, а стрелец на единствениот погодок беше Тиби во 22 минута од средбата.

Исланд продолжува со одличните настапи, овој пат тие ја совладаа селекцијата на Турција и тоа на гостински терен со убедливи 0:3. Исланд уште во првото полувреме обезбеди предност од два гола разлика, а головите ги постигнаа Гудмондсон и Бјарнсон. Конечните 0:3 го постави Арнасон во 50 минута од средбата.

Средбата на која присуствуваше Жозе Мурињо, помеѓу Австрија и Србија заврши со резултат 3:2, Бергсталер и Арнаутовиќ, на два пати стрелаа за домаќините додека за нашиот сосед погодуваа Миливојевиќ и Матиќ.

Хрватска одигра 1:1 против Финскаа, стрелец за домаќините беше Марио Манџукиќ додека резултатот го изедначи Соири во 90 минута

Ирска очекувано со 2:0 ја совлада Молдавија, а двоен стрелец во овој натпревар беше Марфи, додека Украина со 0:2 славеше над Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…