Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: На големо се преговара за Нејмар, Дембеле најави нешто, последен обид на Јуве за Икарди

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: На големо се преговара за Нејмар, Дембеле најави нешто, последен обид на Јуве за Икарди

Трансфер пазарот влегува во самата завршница, а денес веста на денот е – Нејмар! Бидете во тек со се што се случува!

Операцијата Нејмар изгледа Барселона ќе се обиде да ја заврши во финишот од преодниот рок. Утрово делегација на Каталонците отпатувала за Париз – понудата за која се пишува Нелсон Семедо и Осман Дембеле, плус 100 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дембеле дополнително ги подгреа гласини . Французинот ја отстрани Барселона од својот опис на Инстаграм профилот.

Јувентус прави последен обид да го доведе Икарди!

Братот на Погба зборуваше за можноста Пол да заврши во Реал Мадрид.

Марота одново порача дека Икарди не е добредојден во Интер.

Eриксен може да заврши во Реал Мадрид за – „џабе“!

Повторно е актуелна темата Бакајоко и Монако. Лампард неодамна порача дека заминувања нема да има, но фудбалерот се надева дека ќе добие зелено светло за преселба во Кнежеството.

Иако се најавуваше дека се е готово, сепак на крајот пропадна трансферот на Диего Лаксалт во Аталанта. Клубот од Бергамо како нова опција го гледа Гиљермо Арану.

Дел од германските и француските медиуми објавуваат дека Рафаел Гереиро од Борусија Дортмуд може да заврши во Пари Сен Жермен.

Милан и понатаму прави напори за доведување на Кореа. „Росонерите“ нудат 35 милиони евра плус пет преку бонуси. Плус 30% од наредниот трансфер. Поточно, 30% од оној дел кој ќе биде над 35 милиони евра, Атлетико засега не прифаќа.

Лајцпиг и Патрик Шик се договорија. Неговиот агент е во Рим на преговори со „Волчицата“ која изгледа ќе прифати позајмица со опција за откуп од 30 милиони евра.

Вест Хем е пред продолжување на договорот со Мануел Ланзини се најавува дека истиот ќе биде продолжен до 2022 година.

Откако пропадна можноста за размена Емре Чан – Ракитиќ, Јувентус наводно на Барселона и нуди позајмица со право на откуп. Ќе потсетиме Недвед прес-конференцијата неодамна порача дека е задоволен со тимот, но би можеле да искористат некаква шанса ако им се укаже.

Мартин Касерес по истекот на договорот со Лацио е слободен фудбалер, денес се очеува неговиот агент да има преговори со Фиорентина.

Медиумите пишуваат дека на состанокот за Нејмар присуствува и Ал Келаифи, првиот човек на ПСЖ.

Официјално: Адил Рами е нов фудбалер на Фенербахче

БОМБА! Познатата телевизија „Ел Чирингуито“ објави нови детали: Најновата понуда на Барселона е позајмица со право на откуп од 150 милиони евра, плус Осман Дембеле.

Aко Патрик Шик ја напушти Рома негова замена би требало да биде Никола Калиниќ.

„Скај Спорт“ пишува дека Серж Орие побарал од Тотенхем да биде проден до крајот на предниот рок. Наводно интерес за него покажува Милан.

Oфицијално: Барселона го позајми Ориол Бускетс на Твенте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…