Дома Фудбал Англија Братот на Погба: Пол ќе биде одличен за Реал Мадрид

Братот на Погба: Пол ќе биде одличен за Реал Мадрид

Иднината на Пол Погба беше главна тема ова лето, па иако трансфер пазарот во Англија е затворен, сепак неговата иднина се уште е неизвесна.

Погба јавно призна дека е спремен за нов предизвик во кариерата, а Реал Мадрид силно го посакува во своите редови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, „кралевите“ никако не можеа да најдат заеднички јазик со Манчестер Јунајтед, кој за неговиот потпис бараше 150 милиони фунти.

Сега братот на Погба, Матијас со нова изјава повторно ги разбранува шпекулациите за негов трансфер на „Сантиаго Бернабеу“.

„Не треба никој да очекува дека Пол ќе каже нешто лошо за Манчестер Јунајтед, тој е голем професионалец кој во моментов е член на тој клуб, а неговата иднина? Тоа зависи од двата клуба, Манчестер Јунајтед треба да има желба да го продаде, а од друга страна пак, од Реал Мадрид ќе треба да бидат подготвени да го купат“ изјави Матијас.

Зидан секогаш говорел на високо ниво за мојот брат, тоа е голема чест.  Сите знаат дека Пол би бил одличен за Реал Мадрид и Зидан. Сепак, останува на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, тие треба да разговараат“, додаде братот на Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…