Дома Трансфер зона Лампард не го сака: Бакајоко се враќа во бившиот клуб

Лампард не го сака: Бакајоко се враќа во бившиот клуб

Тиму Бакајоко ова лето се врати во Челзи после едногодишната позајмица во Милан, но за него нема место во тимот на Лампард.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лампард му порача на 25-годишниот играч за врска дека слободно може да си бара нов клуб, а за него најсилен интерес покажува неговиот бивши клуб Монако.

Бакајоко својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Монако, па би можел да се врати во „кнежевството“.

Монако е во напредни преговори со Челзи за едногодишна позајмица, но проблем е големата плата на фудбалерот. Доколку Челзи се согласи да плаќа дел од неговата плата, тогаш трансферот би можел да се реализира до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…