Дома Фудбал Германија TАЖНО: Еден од најголемите голгетери во историјата на фудбалот го губи помнењето!

TАЖНО: Еден од најголемите голгетери во историјата на фудбалот го губи помнењето!

Еден од најголемите голгетери во историјата на фудбалот Герд Милер е во тешка здравствена состојба и се наоѓа во старски дом во близина на Минхен.

Милер има 74 години и има дијагноза демениција и го губи помнењето, односно му се „брише“. Но, никој не може да го избрише она што тој го даде на фудбалот и го направи во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Герд Милер играше за Баерн од 1964 до 1979 година и стана една од најголемите легенди во историјата на германскиот шампион, но и воопшто во фудбалот. Играјќи за Баерн и Западна Германија Милер постигна вкупно 620 голови. Освои многу титули, беше освојувач на Европскиот куп на три пати, а со Германија во 1974 година стана светски шампион. Во 1970 година беше прогласен за најдобар играч во светот.

Каков голгетер беше најдобро покажува податокот што седум сезони беше прв стрелец во Бундеслигата, а два пати ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.

„Без неговите голови Баерн и германскиот фудбал никогаш не би биле тоа што се денес“, своевремено изјави Карл Хајнц Румениге за Милер.

Денес Милер го посетуваат старите пријатели, меѓу кои и Франц Бекенбауер, но тој не ги препознава секогаш. Информациите велат дека од сеќавањето на Милер се избришани и моментите кои го направија можеби најголем германски напаѓач.

Некои од пријателите пак избегнуваат да го посетуваат затоа што им е тешко да го гледаат големиот Герд Милер во таква состојба. Во последните пет години Милер е ограничен во малиот град Волфрахаузен во близина на Минхен, тука тоне во сенката.

Но, како и да е – НИКОЈ АМА БАШ НИКОЈ не може да ги избрише тие 620 голови и фудбалот засекогаш ќе го памети „Дер Бомбер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…