Тимот на Челзи за противник во четвртфиналето од Лигата на шампионите го доби португалски Порто.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кога ќе стават имињата на противниците на хартија Челзи го доби најлесниот противник, но Томас Тухел е претпазлив.
„Добро е што нема да играме со англиска екипа, повеќе сакам кога играме со екипи од други држави. Во реваншот ќе бидеме домаќини па тоа ни дава малку предност. Дали сме фаворити? Прашајте во Торино“, алудираше Тухел на елиминацијата на Јувентус од португалскиот претставник.