Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Преговори во Париз, Перишиќ потпиша, Икарди сака само во Јувентус, Меси помага за Нејмар

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Преговори во Париз, Перишиќ потпиша, Икарди сака само во Јувентус, Меси помага за Нејмар

0

И денес известуваме за сите случувања на трансфер пазарот, секако овие денови најголемо внимание привлекува ситуацијата со Нејмар за кого станува се поверојатно дека ќе се врати во Барселона.

Претставници на Барселона отпатуваа во Париз по Нејмар

Фердинанд сега тврди дека е среќен што Дибала не потпишал за Манчестер Јунајтед.

Официјално: Перишиќ е играч на Баерн Минхен.

Бруно Фернандеш беше пред трансфер во Премиер лигата, а сега Милан за него нуди двајца играчи (Силва и Кастиљехо) плус 30 милиони евра.

Икарди сака само во Јувентус!

ПСЖ ги отстрани сите обележја од Нејмар во клупската продавница.

Рома и Јувентус се договоријаРугани се сели во Рим по формула позајмица за пет милиони евра и обврска за откуп од 25 милиони евра.

Ирвинг Лозано наскоро се очекува да потпише за Наполи, ПСВ ќе добие 42 милиони евра.

Интер го блокира потенцијалниот трансфер на Киеза во Јувентус. „Нероаѕурите“ се договораат со Фиорентина за трансфер наредното лето кој би изнесувал 70 милиони евра.

Фернандо Љоренте се поврузваше со Манчестер Јунајтед, но сега фаворит за неговиот потпис наводно е Наполи, пишува „Ла Република“.

И Лионел Меси се вклучи во трансферот на Нејмар!

Тотенхем има намера да му понуди договор на Ериксен според кој ќе заработува 86.000 фунти неделно.

Трансферот на Родриго од Атлетико во Валенсија е добра вест за Милан кој се обидува да стигне до Анхел Кореа. Засега Атлетико бара 60 милиони евра, Милан нуди 50.

Баерн Минхен ги следи преговорите помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен. Баварците ги интересира што ќе се случи со Кутињо за кого се заинтересирани.

Како замена за Родриго Валенсија би можела да го доведе Тимо Вернер од Лајпциг.

Манчестер Јунајтед го испрати голманот Жоел Переира на едногодишна позајмица во Хеартс.

Еве информација поврзана со состанокот на Барселона и ПСЖ за Нејмар во Париз. Барселона наводо понудила 100 милиони евра и Кутињо, но „светците“ сакаат 150 милиони евра плус поранешниот фудбалер на Ливерпул, објави новинарот Гилијам Балаг.

Вилфред Бони за кого Манчестер Сити пред четири години плати 32 милиони евра денес тренира со четвртолигаш.

„Медијасет“: Икарди му дал рок на Јувентус до почетокот на идната недела. Ако „старата дама“ не испрати понуда Аргентинецот ќе разгледува други опции.

Такефуса Кубо и голманот Андреј Лунин од Реал Мадрид во наредната сезона веројатно ќе настапуваат за клубот на Роналдо, Ваљадолид.

Aталанта после Шкртел покажува интерес во своите редови да го доведе и напаѓачот Даниел Стариџ.

Aгентот на Кутињо пристигнал во Париз!

Валенсија се повлече и сега Фиорентина е фаворит за доведување на Рафиња Алкантара од Барселона

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Украина преку Португалија до пласман на ЕП, Роналдо и друштвото ќе се борат со Србија (ВИДЕО)

Вечерва на Олимпискиот стадион во Киев Украина ја пречека Португалија во натпревар од осмо…