Дома Топ вести Клучен фактор во враќањето на Нејмар во Барселона може да биде Меси

Клучен фактор во враќањето на Нејмар во Барселона може да биде Меси

Нејмар ова лето сигурно ќе го напушти Пари Сен Жермен исамо прашање е дали ќе премине во Барселона или Реал Мадрид.

Бразилецот во 2017 година во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра пристигна од Барселона во ПСЖ, но веројатно не очекуваше дека после само две години очајнички ќе сака да го напушти Париз.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ситуацијата се влоши после неговата повреда оваа година, од тој момент неговиот однос со клубот почна да се нарушува.

Некои медиуми пренесуваат дека Бразилецот уште пред месец или два одлучил дека сака да го напушти ПСЖ бидејќи смета дека последните две сезони не биле добри за него, а исто така не му се допаднале и некои изјави на луѓе од раководството.

Денес би требало да се одржи состанок помеѓу претставници на Барселона и ПСЖ на кој би можел да биде постигнат договор.

Нејмар би ја избрал Барселона пред Реал Мадрид, но каталонскиот клуб има проблем со плаќањето оштета за Бразилецот и „кралевите“ се надеваат дека ќе ја искористат таа ситуација.

Двајцата играчи беа во одлични односи кога Нејмар пристигна во Барселона, а со Луис Суарез претставуваа супер трио и огромна опасност за противничките одбрани.

Сега „Марка“ пишува дека Меси не сака Нејмар да потпише за Реал Мадрид и место тоа му порачал дека е добредојден да се врати на „Ноу Камп“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…