Дома Топ вести Tрансфери во живо: Перез сериозен во намерата да го доведе Нејмар, Ливерпул и втор пат одбиен, Санчез тема на денот…

Tрансфери во живо: Перез сериозен во намерата да го доведе Нејмар, Ливерпул и втор пат одбиен, Санчез тема на денот…

0

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– Како што најавуваат англиските медиуми тимот на Лидс за кој настапува Македонецот, Егизијан Алиоски, ќе се обиде во овој преоден рок да го доведе фудбалерот на Јувентус, Моис Кин, се уште не е познато дали тоа би било како позајмен фудбалер или станува збор за целосен откуп (ОВДЕ)

– Сонародникот на Месут Озил од Јувентус, Сами Кедира, наводоно го убедил Озил да се пресели во Италија и сега тој преферира трансфер во Серија А (ОВДЕ)

– Изгледа дека трансферот на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед е се поблиску и сега одлуката е само на Санчез кој би станал најплатен фудбалер доколку одлучи да се пресели во Манчестер (OВДЕ)

– Наводно Арсенал е заинтересиран да преговара со Јунајтед за Хенрик Микхтаријан доколку Санчез им се придружи на „ѓаволите“, пренесува „Гардијан“.

– После „борбата“ која Јунајтед ја води со Манчестер Сити за Алексис Санчез, наводно Мурињо е подготвен да тргне и по потписот на Алекс Сандро од Јувентус кој е на мета и на Челзи, пренесува „Дејли Мирор“.

– Тимот на Вест Хем наводно ја следи ситуацијата со договорот на Маруан Фелаини во Манчестер Јунајтед.

Џанлука Ди Марцио пренесува дека агентите на Бразилецот од редовите на Бордо, Малком отпатувале во Лондон на преговори со Арсенал.

– Според „Тајмс“ Ливерпул е подготвен да плати 60 милиони фунти за фудбалерот на Монако, Тома Лемар, но Монако не сака да го пушти својот фудбалер за сума помала од 90 милиони фунти.

– Конечно добри вести за фановите на Интер, наводно компанијата „Санинг“ конечно дала зелено светло за трансферот на Бразилецот, Рамиреш и се очекува трансферот да биде завршен во наредните два до три дена.

– ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Алексис Санчез не е составот на Арсенал за натпреварот против Бурнемоут. Изгледа дека наскоро потпишува за Манчестер Јунајтед…

– Денес во центарот на вниманието е Алексис Санчез. Имено, како што дознава „Беин Спорт“, Јунајтед и Арсенал се договориле за трансфер на Санчез за сума од 30 милиони фунти.

– Лајпциг потврди дека нема да го пушти Наби Кеита во Ливерпул во зимскиот преоден рок.

– Шпанските медиуми на големо најавуваат дека Реал Мадрид наредното лето ќе тргне по потписот на Нејмар, според нивните информации Перез е спремен да испрати неверојатна понуда од 150 милиони евра и Кристиано Роналдо во замена за Бразилецот (ОВДЕ)

– Според некои англиски медиуми, Арсен Венгер потврди дека иднината на Алексис Санчез ќе биде одлучена во наредните 48 часа.

– Како што дознаваат италијанските медиуми, Ливерпул се распрашувал за Шпанецот Сусо кој ги напушти пред четири години, но во Милан не сакале ниту да слушнат за негова продажбата (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Топ вести

Проверете

Де Геа наскоро потпишува нов договор, Шпанците тврдат: Поставена е неговата цена!

Еден од најдобрите голмани во светот, Давид Де Геа наскоро ќе потпише нов договор со Манче…