Дома Топ вести Шпанските медиуми го „тресат“ светот: Роналдо и 150 милиони евра за Нејмар!?

Шпанските медиуми го „тресат“ светот: Роналдо и 150 милиони евра за Нејмар!?

ronaldo neymar

Флорентино Перез изгледа навистина е сериозен во својата намера да го виде Бразилецот Нејмар во Мадрид.

Од Шпанија пристигнуваа неверојатни информации, наводно Перез е спремен да понуди 150 милиони евра и Роналдо за услугите на Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На оваа тема се зборуваше во вчерашната популарна спортска емисија „Ел Ларугеро“, на познатото радио во Шпанија „Кадена Сер“.

Во Шпанија оваа можност се смета за сосема реална бидејќи Перез се обидуваше да го доведе Нејмар уште додека тој беше член на Сантос. Тогаш во трката за потписот на Бразилецот изгуби од Барселона.

Нејмар минатото лето премина од Барселона во ПСЖ за рекордна сума од 222 милиони евра каде што навистина заработува богатство, но голем број спортисти помеѓу кои и Бразилецот Роналдо сметаат Нејмар направил чекор назад во својата кариера.

Друг факт кои не приморува да размислуваме дека вакво нешто навистина е можно се годините. Нејмар има 26, додека Португалецот 33. Без ралика колку Португалецот е физички силен и професионален во своите работни навики, годините и биологијата сигурно си го прават своето, а тоа може да се забележи и оваа сезона во која Роналдо е далеку послаб од минатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…