
Се приближува Светското клупско првенство во фудбал. Спектаклот во режија на Џани Инфантино и ФИФА на кој ќе учествуваат 32 клуба и ќе трае еден месец. А на него ќе се применуваат и некои новитети.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сите промени, се разбира, најавени се претходно, но не е лошо да се потсетиме на нив.
VAR одлуки
Тоа што ќе го гледа судијата на малиот ВАР-монитор, тоа ќе може да го видат и сите на стадионот на големиот видео бим. Така и играчите и навивачите ќе можат да видат на основа на што судијата ја донел одлуката за спорниот детал.
Камери на дресот
Веќе е тестиранo во некои лиги, судиите да носат камери на дресовите, а на Светското клупско првенство ова ќе биде случај на сите натпревари.
Снимките од овие камери ќе бидат вклучени во ТВ преносот, така што и гледачите пред малите екрани ќе можат да видат како судиите гледаат на одредени ситуации.
Полуавтоматски офсајд
Технологијата за полуавтоматски офсајд веќе некое време се применува во одредени натпреварувања. Ја запознавме за време на Европското првенство минатата година. Се покажа како многу практична и добра, а ова е шанса да се тестира уште еднаш на големата сцена.
За да функционира овој систем, топките имаат посебен чип, а терените се покриени со многу поголем број камери отколку обично. Системите за следење ги носат и сите играчи, и сето тоа е поврзано со вештачка интелигенција која ја врши целата работа.