Дома Останати Тенис Судијата го налути Алкараз: Не сум јас виновен! (Видео)

Судијата го налути Алкараз: Не сум јас виновен! (Видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се најде во дебата со судијата Грег Аленсворт.

Аленсворт за време на паузата помеѓу гејмовите во првиот сет му посочи на Алкараз да го покрие логото на шишето со вода.

Судијата објасни дека логото е во спротивност со спонзорските договори на турнирот во Синсинати.

„Такви ни се упатствата“, рече Аленсворт.

Алкараз одби да се согласи и навлезе во расправа.

„Да, но тоа не е моја вина. Зошто би го покривал кога не е моја вина? Твоја е оваа одлука, сега велиш да го покријам? Не, нема да го покријам“, изјави Алкараз.

Оваа ситуација не го наруши претерано Алкараз, кој лесно го победи Лука Нардeсо со 6:1, 6:4

Неговиот следен противник ќе биде Андреј Рубљов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ежени Бушар одби да се ракува со Украинка по поразот на турнирот во Чикаго

Канадската тенисерка Ежени Бушар одби да се ракува со својата украинска противничка по пор…