Дома Фудбал Струга го избра наследникот на Османи – го врати тренерот кој им донесе титула!

Струга го избра наследникот на Османи – го врати тренерот кој им донесе титула!

Екипата на Струга го назначи Меритон Гега за следник на Ќатип Османи.

Османи го напушти тимот по поразот од Вардар во изминатиот викенд и ќе го води тимот утре против Гостивар во натпреварот од Купот на Македонија.

Гега веќе ја водеше Струга како прв тренер во последните три кола од минатата сезона и во нив успеа да ја обезбеди шампионската титула.

На клупата на Струга тогаш исто така во првиот натпревар го водеше тимот против Гостивар и Струга го доби тој натпревар со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона за прв пат ја надмина чудесната граница!

Враќањето на Стадионот „Спотифај Камп Ноу“, растот на приходите од спонзори и рекордната п…