Дома Фудбал Српски тим доби сензационално засилување – потпиша со бивш фудбалер на Милан

Српски тим доби сензационално засилување – потпиша со бивш фудбалер на Милан

Фудбалерите на Нови Пазар вечерва на свој терен играат историски натпревар од европските квалификации против полската Јагјелонија во рамките на Конференциската лига, а во пресрет на овој дуел добија и големо засилување!

На официјалната страница на клубот точно на полноќ објавено е дека за Нови Пазар потпишал, ни повеќе ни помалку, туку поранешен фудбалер на италијанскиот Милан.

Оморегбе доаѓа од најпрестижната средина, бидејќи добар дел од своето фудбалско учење го поминал во академијата на Милан, а оттаму бил испраќан на позајмица во Фјоренцула 1922, Торес и Сестри Леванте.

Талентираниот офанзивец е со потекло од Нигерија, поседува и италијански пасош, а имал и настап за првиот тим на „Росонерите“. Наполни 21 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невремето го менува фудбалскиот распоред: УЕФА одложи натпревари во Португалија

Бурата Чарлс донесе предупредувања за силен ветер и обилни врнежи, поради што УЕФА одложи …