Дома Фудбал Спировски после седум натпревари си заминува од Мариупол

Спировски после седум натпревари си заминува од Мариупол

Репрезентативецот на Македонија Стефан Спировски си заминува од украинскиот Мариупол.

Спировски во пролетниот дел од сезоната нема да биде играч на овој тим, неговиот договор истече и нема да биде продолжен. Во редовите на Мариупол Спировски пристигна на стартот од сезоната и кратко се задржа.

Во наредниот период во јануарскиот преоден рок Спировски како слободен играч ќе бара нова средина. За Мариупол Спировски одигра седум натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…