Дома Топ вести Спиеш ли мирно Роналдо? Навивачите на ПСЖ го посетија хотелот на Реал среде ноќ (видео)

Спиеш ли мирно Роналдо? Навивачите на ПСЖ го посетија хотелот на Реал среде ноќ (видео)

Реал Мадрид и ПСЖ вечерва го играат реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ на „Паркот на принцовите“.

Експедицијата на Реал Мадрид вчера допатува во Париз и се смести во еден од луксузните хотели во центаро на градот, но Зидан, Роналдо и останатите синоќе не можеа мирно да спијат.

Виновни за тоа се навивачите на ПСЖ кои доцна во ноќта стигнаа пред хотелот и правеа бука користејќи и пиротехника со цел да им го нарушат сонот на фудбалерите.

Ќе видиме дали нивната необична акција ќе се покаже како успешна…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…