Дома Останати Ракомет Спектакуларна вечер во Охрид – се славеше историската прва европска титула! (Фото+Видео)

Спектакуларна вечер во Охрид – се славеше историската прва европска титула! (Фото+Видео)

Со спектакуларен пречек на градскиот плоштад, охриѓани синоќа им оддадоа признание на ракометарите и стручниот штаб на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на трофејот во Европскиот куп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прославата беше збогатена со пиротехничко шоу во организација на навивачката група „Рибари“, додека илјадници граѓани заедно ја пееја охридската песна „Лихнида кајче веслаше“, создавајќи незаборавна атмосфера во центарот на градот.

Пред присутните се обратија ракометарите Дарко Ѓукиќ, Кристијан Пилиповиќ и капитенот Гоце Ојлески, како и тренерот Борис Ројевиќ и градоначалникот Кирил Пецаков. Тие изразија благодарност до охриѓани за поддршката и довербата што им ја даваа во текот на целата сезона, истакнувајќи дека освоениот европски трофеј е заеднички успех на клубот и градот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…