Дома Тенис Сопругата од Мареј е прилично горделива – си има свои барања на терените!

Сопругата од Мареј е прилично горделива – си има свои барања на терените!

Енди Мареј сосема очекувано се пласираше во второто коло на Австралија опен по победата над Украинецот Марченко, но, повеќе од потезите на терен во очи падна ситуацијата од неговиот „бокс“ каде главната улога ја имаше неговата сопруга, Ким Сирс.

Во еден момент Ким беше лута што камерманот ја снима, па го натера физиотерапевтот да ја покрие камерата и да добие приватност на место каде, всушност, и не може да ја има.

Според правилата на Грандслем турнирот, ексклузивниот застапник на ТВ правата, поставува камера и во боксот каде е сместена екипата на тенисерите кои настапуваат. Тоа, тенисерите го знаат, но очигледно не и нивните сопруги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…