Дома Фудбал Скалони: Кога ќе се сетам на „Маракана“, седат Меси и Нејмар…

Скалони: Кога ќе се сетам на „Маракана“, седат Меси и Нејмар…

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони со помирлив тон зборуваше пред судирот со најголемиот ривал Бразил во квалификациите за Светското првенство.

Натпреварот е на програма во ноќта меѓу вторник и среда од 1.00 часот по средноевропско време.

„Играат Аргентина – Бразил, тоа секогаш е важен натпревар, но сепак само фудбалски натпревар. Се сеќавам на сликата по финалето Копа Америка 2021 година, кога Лео седеше на скалите на Маракана со Нејмар. Верувам дека тоа е слика која треба да остане во нас. Таа слика кажува сè: најдобриот фудбалер на планетата и, возможно, вториот најдобар – седат заедно, се пријатели. Тоа е слика која треба да ја задржиме за себе. Сè останато е фудбалски меч, 90 минути на теренот, двете екипи сакаат да победат. Овде сите имаме роднина или пријател од Бразил. Играв со некои од нив и многу добро се согласуваме“, рече Скалони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул размислува за разделба со Јереми Фримпонг

Ливерпул би можел да се раздели со Јереми Фримпонг поради слабата дефанзивна игра против М…