Дома Фудбал Скалони: Кога ќе се сетам на „Маракана“, седат Меси и Нејмар…

Скалони: Кога ќе се сетам на „Маракана“, седат Меси и Нејмар…

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони со помирлив тон зборуваше пред судирот со најголемиот ривал Бразил во квалификациите за Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот е на програма во ноќта меѓу вторник и среда од 1.00 часот по средноевропско време.

„Играат Аргентина – Бразил, тоа секогаш е важен натпревар, но сепак само фудбалски натпревар. Се сеќавам на сликата по финалето Копа Америка 2021 година, кога Лео седеше на скалите на Маракана со Нејмар. Верувам дека тоа е слика која треба да остане во нас. Таа слика кажува сè: најдобриот фудбалер на планетата и, возможно, вториот најдобар – седат заедно, се пријатели. Тоа е слика која треба да ја задржиме за себе. Сè останато е фудбалски меч, 90 минути на теренот, двете екипи сакаат да победат. Овде сите имаме роднина или пријател од Бразил. Играв со некои од нив и многу добро се согласуваме“, рече Скалони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Француски новинар: Го издигнавме Олизе до ниво на Зидан, а тој сè уште не е подготвен за тоа

Шпанија стана првиот финалист на Светското првенство откако во полуфиналето во Далас ја со…