Дома Фудбал Ситуацијата со Нејмар станува сѐ покомплицирана, медицинскиот штаб на Бразил даде детали за неговата повреда

Ситуацијата со Нејмар станува сѐ покомплицирана, медицинскиот штаб на Бразил даде детали за неговата повреда

Нејмар ќе мора да се опоравува од уште една мускулна повреда која ја доби, во следните 2-3 недели. Ова го откри лекарот на репрезентацијата на Бразил Родриго Ласмар за време на пресконференција денеска. Официјалната дијагноза е мускулна повреда од втора степен на листот на десната нога.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сето ова значи дека Нејмар сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Панама и Египет, како и најверојатно првиот натпревар на Селесао од Светското првенство, кој е против Мароко. Останува прашањето колку ќе биде корисен, ако пропушти целата подготовка.

“Вчера Нејмар ги направи сите медицински испитувања, што завршија со магнетна резонанца, која покажа повреда на листот од втора степен, а не само оток. Се очекува да биде рехабилитиран по две или три недели”, изјави Ласмар.

Вчера Нејмар пристигна во кампот на бразилската репрезентација како вистинска ѕвезда – со хеликоптер.

Сѐ уште не е јасно дали последните информации можат да го натераат Карло Анчелоти да ги промени своите планови. Напаѓачот на Челзи Жоао Педро остана надвор од составот, иако имаше добра сезона и беше избран за Играч на сезоната на Лондонците. Сепак, повредата на Нејмар можеби му дава шанса да игра на Светското првенство 2026.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стефан Ристовски се сели во Србија

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кариерата ќе ја продолжи во Србија. Како ПАМ…