Дома Фудбал Силекс и Работнички поразени во Европа

Силекс и Работнички поразени во Европа

Фудбалерите на Силекс се враќаат со негатива од 2:0 по првиот меч со црногорски Дечиќ Тузи во рамките на 1. коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Домашниот тим имаше повеќе од играта и поведе во 39.минута, кога по брзата контра и лошата поставеност на кратовската одбрана Андреј Бајовиќ погоди за 1-0.

Во вториот дел откако Мирчевски заработи црвен картон кај Силекс, домашните со голот на нововлезениот Н’Диаје во 70. минута ја потврдија победата.

Не помина добро и екипата на Работнички кој со 3-0 загуби од Торпедо Белаз во натпреварот кој се играше во Унгарија поради ситуацијата во Белорусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси во Њуелс уште во јануари? Романо ја запре приказната

Аргентинските најави за враќање на Меси во матичниот клуб добија демант од Фабрицио Романо…