Дома Фудбал „Што мислам за Видиќ? Животно, се плашев да одам кон него!“

„Што мислам за Видиќ? Животно, се плашев да одам кон него!“

Поранешниот репрезентативец на Србија и капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, остави извонредна трага во светскиот фудбал, а за неговите фудбалски квалитети и денеска се зборува во суперлативи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последниот во редоследот на поранешни играчи кои ги споделиле своите импресии за некогаш бескомпромисниот дефанзивец е Џузепе Роси, поранешен италијански репрезентативец роден во САД, кој пристигна во Јунајтед во 2004 година со само 17 години.

Роси во интервју за „Калчомеркато“ нагласи дека на тренинзите на Јунајтед најтешко било токму да се мине Видиќ.

„Видиќ, ѕвер! Се плашев да одам кон него бидејќи те шутираше. Ќе те скршеше, па морав да најдам стратегија за да го поминам. Мислам дека беше еден од најдобрите стопери во последните 20 години”, истакна Роси.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …