Нејмар без никакво претерување го заслужи епитетот на еден од последните фудбалски „магионичари“, но неговиот уникатен талент го уништија повредите поради кои наскоро може да се прости од професионалното играње фудбал, иако има 32 години.
Бразилецот се врати пред неколку недели по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти. Од неговото досѓање одигра само пет натпревари во Саудиска Ал-Хилал, а потоа пропушти повеќе од една година поради опоравување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во вториот натпревар по враќањето на теренот заработи нова повреда, а сега е потврдено дека сигурно нема да се врати на терените до почетокот на 2025 година.
Но, она што уште повеќе ги загрижи навивачите, е тоа што одредени медиуми меѓу кои и реномираниот ,,АС” шпекулираа за можен крај на неговата кариера.
Нејмар заработи неверојатни 170 милиони евра во Саудиска Арабија за време на опоравувањето од повредата, а неговите последни потези покажуваат дека се подготвува за живот надвор од фудбалот. Пред неколку дена инвестираше во земјиште на Мајами Бич и за тоа издвои приближно 20 милиони евра.
,,АС” денеска пишува дека Нејмар наскоро би можел да размислува за крај на кариерата бидејќи е огорчен поради честите повреди кои не му дозволуваат да продолжи да игра.
Разочарувачката статистика исто такс укажува на евентуално збогување бидејќи бразилскиот волшебник одигра само 20 натпревари од Светското првенство во 2022 година. Тој е повеќе повреден отколку што игра, заработи уште една повреда на мускулот во последниот настап за Ал Хилал и прашање е кога и дали повторно ќе игра.
Без разлика што ја напушти Европа и надвор од големата фудбалска сцена, тоа би било голема загуба за фудбалот бидејќи се работи за фудбалер со уникатни фудбалски карактеристики.