
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, сериозно размислува за можноста да ја напушти италијанската екипа, според извори од „Коријере Дела Сера“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако неговиот договор со „Скудерија“ важи до 2029 година, Леклер има клаузула што му дозволува раскин пред истекот, веќе во летото 2026 година.
Се споменува дека Леклер е несигурен за конкурентноста на Ферари по воведувањето на новите правила во Формула 1.
Моментално, Ферари се наоѓа на второ место во пласманот на конструктори по завршени девет трки, додека 28-годишниот Леклер е на петтата позиција во поредокот на возачи.
Неговиот клупски колега, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, е рангиран на шестото место.
Од петок до недела следува Големата награда на Канада. Првиот тренинг ќе се одржи во петок во 19:30 часот.
Фото: Scuderia Ferrari HP/FB