Оклахома Сити Тандер ја запиша својата 50. сезонска победа во НБА лигата, совладувајќи го Хјустон Рокетс со резултат 137:128.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Домашниот состав не дозволи изненадување и успешно ја одбрани својата територија, а повторно во центарот на вниманието беше фантастичниот Шеј Гилџес-Александер.
Канадскиот репрезентативец, кој заедно со Никола Јокиќ важи за еден од главните фаворити за престижната МВП награда, одигра блескава партија.
Тој по четврти пат оваа сезона постигна повеќе од 50 поени, а во оваа пресметка против „ракетите“ заврши со импресивни 51 поен, дополнети со 5 скока и 7 асистенции.