Дома Фудбал Шалке ја доби битката за лев бек на Барселона

Шалке ја доби битката за лев бек на Барселона

Левиот бек на Барселона, Хуан Миранда ќе се пресели во Бундеслигата и ќе го облече дресот на Шалке, пренесува „Билд“.

19-годишниот Миранда не беше дел од групата играчи за синоќешниот меч со Бетис, а трансферот треба да биде финализиран во следните денови.

Миранда според договорот ќе се пресели во Шлаке на двегодишна позајмица, а германскиот клуб нема да има опција за негово откупување, бидејќи Барса сака да го врати назад.

Минатата сезона Миранда одигра четири меча во Лигата на шампиони, но се уште нема дебитирано во Примера, а важи за еден од најголемите таленти во Ла Масија.

За него силен интерес покажуваа Марсеј и Јувентус, но Барса не сакаше да го продаде, па ќе го испрати на двегодишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Гостивар брка бодовно израмнување и прекин на предноста на Шкендија

Саботното дерби ги носи лидерот и актуелниот првак во директна пресметка со три бода разли…