Дома Фудбал Сериозни обвинувања од мајката на Емболо: За да се игра за Камерун треба да се плати!

Сериозни обвинувања од мајката на Емболо: За да се игра за Камерун треба да се плати!

Мајката на напаѓачот Брил Емоболи испрати сериозни обвинувања кон Камерун, таа ја обвини федерацијата на оваа земја дека за да се игра во репрезентацијата треба да се плати.

Швајцарија беше подобра од Камерун со 1:0 против Камерун, а единствениот гол на натпреварот го постигна Емболо кој е роден во Камерун. Напаѓачот доби многу критики за неговиот избор да игра за швајцарската репрезентација, дури и се протестираше пред неговиот дом.

Сега во јавноста излезе неговата мајка.

„Оставете го син ми на мира! Швајцарија го израсна и го тренираше, па тој само врати за се што му даде. Во Камерун место да ги тренирате играчите и да работите со нив барате пари за да се игра во репрезентацијата. За да играте за репрезентацијата треба да бидете член на Утопија“, порача мајката на фудбалерот.

Утопија е менаџерска агенција која во овој момент ги поседува правата на имиџот на Самуел Ето кој е прв човек на фудбалот во Камерун.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…