Дома Тенис Сцени како што ретко се гледаат: Вавринка и Цонга се скараа и се гаѓаа со топчиња!

Сцени како што ретко се гледаат: Вавринка и Цонга се скараа и се гаѓаа со топчиња!

Стан Вавринка го победи Жо-Вилфред Цонга со 3:0 избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен, но во паузата помеѓу првиот и вториот сет влезе во во вербална расправија со противникот.

Откако го доби првиот сет во тај брејк, Швајцарецот започна расправија со Цонга, во моментот додека тенисерите беа на пауза помеѓу првиот и вториот сет.

„Мене ме гледаш!? Зошто гледаш само во мене!? Дај малку олабави се, ова е само тениски меч“, вакаше Вавринка додека противникот воопшто не реагира.

Цонга во вториот сет, случајно или со намера, со сервис го погоди Вавринка, а Швајцарецот потоа му се пожали на судијата дека Цонга не покажал дека сервира со нови топчиња.

Вавринка му врати на Цонга во истиот сет, при резултат 4:4, кога речиси целиот терен му беше празен, тој еден силен форхенд насочи директно кон Цонга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…