
Саудиските клубови наводно се обидуваат да ја доведат ѕвездата на Барселона, Рафиња, нудејќи му дури четирипати поголема плата од сегашната. Според шпанскиот спортски лист Мундо Депортиво, два саудиски клуба – Ал-Наср и Ал-Хилал – се во потрага по 29-годишниот Бразилец.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според извештаите, нето платата на Рафиња би скокнала од 12 на дури 48 милиони евра годишно. Зад двата заинтересирани клуба стои саудискиот државен инвестициски фонд (ПИФ) кој се надева дека со доведувањето на ѕвезда од калиброт на Рафиња ќе го подигне угледот на лигата. За да го осигурат трансферот, Саудиците наводно се подготвени да и понудат на Барселона отштета од 80 милиони евра.
Рафиња призна дека сериозно размислувал за преминување во Саудиска Арабија во летото 2024 година, пред да биде именуван Ханси Флик како главен тренер на Барселона. Бразилското крило било спремно да ја прифати понудата, но Германецот го уверил да остане.