Дома Фудбал Салах сподели зошто ја продолжи соработката со Ливерпул

Салах сподели зошто ја продолжи соработката со Ливерпул

Денеска, Мохамед Салах и Ливерпул објавија дека ќе ја продолжат својата соработка до 2027 година, и ова очекувано стана вест на денот во Англија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Многу сум возбуден. Сега имаме одличен тим. И претходно имавме одличен тим. Потпишав затоа што мислам дека имаме шанса да освојуваме трофеи и да уживаме во мојот фудбал. Одлично е, тука ги поминав моите најдобри години. Играв осум години, се надевам дека ќе бидат десет.

„Уживам во мојот живот овде, уживам во мојот фудбал. Ги имав најдобрите години во кариерата. Би сакал да им кажам на фановите, многу сум среќен што сум овде. Потпишав овде затоа што верувам дека можеме заедно да освоиме многу големи трофеи. Продолжете да не поддржувате и ние ќе го дадеме најдоброто од себе и се надевам дека во иднина ќе освојуваме повеќе трофеи“, истакна Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити го објави дресот за новата сезона: Еве како изгледа (Видео)

Манчестер Сити го претстави својот нов дрес за домашни натпревари во сезоната 2026/27. Ово…