
Многу проблеми ги загрозуваат тенисерите и тенисерките на патот до ѕвездите. Тие пречки понекогаш изгледаат незапирливи, но најдобрите успеваат да најдат решенија. Токму ова вчера го раскажа Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
– Слушнав многу тренери како велат дека сум глупава и дека никогаш нема да успеам. Јас само се смеев и мислев, ќе видиме. Сега сакам да им испратам кратка порака. Тие ништо не разбираат и за нив е подобро да ја напуштат оваа работа за да ги спасат другите играчи – објасни Белорусинката на прес конференција по победата над Олга Даниловиќ со 6:2, 6:3.
На прашањето дали тие тренери така зборувале за да ја мотивираат уште повеќе, таа одговара:
– Мене не ми требаше дополнителна мотивација. Секогаш бев многу мотивирана.
Фото: Grok AI