Дома Фудбал Рубен Аморим жали за преземањето на клупата на Манчестер Јунајтед?

Рубен Аморим жали за преземањето на клупата на Манчестер Јунајтед?

По дебаклот на сите домашни фронтови, на Манчестер Јунајтед му остана само уште во Лига Европа да се бори за трофеј. Но, тренерот на Црвените ѓаволи, Рубен Аморим во моментот не размислува за тоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвените ѓаволи во четврток патуваат во Баскија на дуел од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад. Лига Европа не е само единствена шанса за трофеј, туку е и веројатно единствената можност за пласман во Лига на шампиони.

Судејќи според она што го пренесува “Football Insider“, Португалецот му се доверил на пријател дека жали што go презел Манчестер Јунајтед и како играчите имаат високо мислење за себе, кое не е реално. Jасно е дека Аморим има поголеми грижи за подготовка на мечот против Реал Сосиедад. Тоа го призна и на прес-конференцијата.

“Луѓето ја гледаат Лига Европа како натпреварување кое можеме да го освоиме, но и како поле за пласман во Лига на шампиони. Но, да бидам искрен, мислам дека имаме поголеми грижи. Знам дека тоа што го зборувам може да звучи чудно, но ние мора да се потрудиме да изградиме нешто овде и тоа мора да биде поважно во овој момент од освојување на некое натпреварување”, изјави Аморим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска сака играч на Челси од 110 милиони евра како прво засилување во Манчестер Сити

Енцо Фернандез е еден од четворицата играчи на Челси кои Енцо Мареска има желба да ги спои…