Дома Фудбал Рубен Аморим – најслабиот менаџер на Манчестер Јунајтед по Втората светска војна

Рубен Аморим – најслабиот менаџер на Манчестер Јунајтед по Втората светска војна

Манчестер Јунајтед последните години тоне сè подлабоко и сè потешко е да се утврди кој е најголемиот проблем што го измачува клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Негативниот тренд продолжи и оваа сезона, а според податоците објавени од Sky Sports, актуелниот менаџер Рубен Аморим има најлоша статистика, гледајќи го процентот на освоени бодови, уште од Втората светска војна.

По четири одиграни кола во Премиер лигата, Јунајтед има освоено само четири бодови и се наоѓа на 14-та позиција на табелата.

Гол-разликата на тимот на Аморим е 4:7, со една победа, едно реми и два порази.

Последниот удар дојде овој викенд, кога во градското дерби Јунајтед беше поразен од Сити со резултат 3:0.

Тој пораз беше последна капка која ја прелеа чашата и покрена лавина критики на сметка на Португалецот, како од навивачите, така и од британските медиуми.

Sky Sports во својата анализа нуди преглед на учинокот на сите менаџери на Јунајтед, па затоа јасно е зошто Аморим моментално се наоѓа под огромен притисок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…