Дома Фудбал Репрезентации Роналдо откри кога планира да ја заврши кариерата

Роналдо откри кога планира да ја заврши кариерата

Кристијано Роналдо нема да игра за Португалија во натпреварот против Хрватска откако доби дозвола од селекторот Роберто Мартинез заедно со уште тројца фудбалери (Педро Нето, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва) да ја напушти селекцијата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Португалците го обезбедија првото место со триумфот над Полска па споменатата „четворка“ доби одмор.

Роналдо за медиумите по дуелот со Полска зборуваше и кога планира да ја заврши кариерата.

„Смешно е. Кога се приклучив на репрезентацијата на 18 години, сонував да дебитирам. Тогаш размислував за 25, па за 50 настапи. Потоа помислив зошто да не дојдам до 100, па целта ми беше 150, па 200…Чувството е одлично. Играчката кариера планирам да ја завршам за година или две. Сега уживам во моментот, мотивиран сум на тренинзите и натпреварите. Кога ќе почувствувам дека е време, ќе кажам „доста е““, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал сака да ја донесе ѕвездата на Атлетико. Ќе продаде пет играчи за тоа?

Според информациите кои ги објавуваат англиските медиуми, Барселона и Арсенал се во интенз…