Дома Фудбал Романо ги замоли фановите да погодат со кој фудбалер се сретнал. Потоа објави фотографија.

Романо ги замоли фановите да погодат со кој фудбалер се сретнал. Потоа објави фотографија.

НАЈПОЗНАТИОТ фудбалски инсајдер Фабрицио Романо е во контакт со најголемите светски ѕвезди. На друштвените мрежи го следат милиони луѓе, па така на Фејсбук и X има по 23 милиони следбеници, а на Instagram 34,5 милиони. Тој е во контакт со бројни фудбалери кои ги очекуваат неговите објави за најновите трансфери.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во четвртокот, Романо беше во друштво на познат фудбалер. На ФБ напиша статус: “Можете ли да погодите кој играч денеска го сретнав? Бразилец е…” Десетина минути подоцна објави фотографија со Антони, 25-годишниот крилен напаѓач кој Манчестер Јунајтед во јануари го испрати на позајмица во Бетис.

На фотографијата, Романо и Антони држат дрес на Бетис, а Бразилецот се потпишал на истиот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета пак „плаче“: Многу лесно можеше да биде пенал за нас

Арсенал го загуби трофејот во Лига на шампиони после пеналите против Пари Сен Жермен, иако…