Дома Фудбал Ристовски и Адеми добија одлично засилување од големиот ривал – Динамо направи милионски трансфер!

Ристовски и Адеми добија одлично засилување од големиот ривал – Динамо направи милионски трансфер!

Динамо Загреб го потврди големиот трансфер што се најавуваше претходните денови. Нов член на шампионот на Хрватска стана Нико Галешиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од „Максимир“ за услугите на овој 23-годишен дефанзивец издвои 3.000.000 евра, а тој ги напушта редовите на ривалот Риека за да се приклучи на Динамо.

„Досегашниот член на Риека потпиша долгорочен договор со клубот од „Максимир“ и веднаш ќе му се стави на располагање на новиот тренер Фабио Канаваро,“ стои во соопштението од Динамо.

Галешиќ ја започна кариерата во младинските категории на Херта од Берлин, а член на Риека стана 2019 година. Играше за младинскиот тим, а потоа и за првата екипа, за која облече дрес 98 пати.

Динамо, по 18 одиграни кола во ХНЛ, е трет на табелата со 29 бодови, што е седум помалку од Риека и Хајдук. Значи, Фабио Канаваро го чека тежок предизвик во намерата да ја зачува титулата на Максимир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феран Торес се поблиску до трансфер во ПСЖ

Феран Торес ги договори личните услови со Париз Сен-Жермен и има желба да ја продолжи свој…